НАТО ги поздрави напорите преземени за деескалација на тензиите во Косово

 

Денеска НАТО ги поздрави напорите преземени за деескалација на тензиите на северот на Косово, изјави портпаролката на НАТО Оана Лунгеску.

„Очекуваме сите страни да ги почитуваат своите обврски. КФОР внимателно ја следи ситуацијата и ќе биде подготвен да интервенира доколку е потребно, во согласност со неговиот мандат на ОН за да се овозможи слобода на движење“, рече Лунгеску на Твитер,пренесе Танјуг.

29.12.2022 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега