СДСМ ќе се растрча низ Македонија

Тимот на СДСМ предводен од потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов, денеска ќе ги промовира предлог мерките од програмата на СДСМ пред граѓаните на Гостивар.

Предвидено е Узунов, заедно со потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, Дарко Давитковски, Цветанка Ласкова и Аднан Џаферовски, да ги посетат граѓаните од врата на врата, а ќе се сретнат и со гостиварските бизнисмени. За вечерта е закажана трибина, во 18.30 часот во Домот на култура во Гостивар.

 

Тимот на СДСМ предводен од генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, ќе ги промовира мерките од програмата на СДСМ пред жителите на Босилово. Предвидени се средби на плоштадот во Босилово, трибина во Домот на културата, како и посета на селата Иловица и Шутка. Со генералниот секретар на СДСМ се потпретседателката Фросина Ременски и Спасе Глигоров.

 

Тимот на СДСМ на чело со лидерот Зоран Заев, денеска ќе ги претстави предлог мерките од програмата на СДСМ пред жителите на Росоман. Предвидени се средби со граѓани на пазарот во село Сирково, посета на селата Манастирец и Трстеник, а вечерта ќе има трибина во салата на училиштето во Росоман. Со претседателот Заев се потпретседателот Александар Кирацивски и Јован Деспотовски.

 

 

 

08.12.2013 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа