ВМРО-ДПМНЕ: Оштетување на споменикот е вандалски чин - вандалите треба да сносат одговорност

ВМРО-ДПМНЕ денеска истакнаа дека сметаат дека чинот на оштетување на споменикот, поставен на Мостот на цивилизациите, е вандализам и смета дека сите што учествувале во овој вандалски чин треба да сносат своја одговорност. Институциите треба да постапат согласно законот што го дефинира ова прашање.

     -     Наметнувањето на дебата околу процедурата на поставувањето не смее да биде алиби и оправдување за било какво насилство или вандализам и да затскрие нечие неодговорно и нецивилизирано однесување на Мостот на цивилизациите. Споредбата со други случаи низ светот е дегутантна, а на таквото тврдење сигурни сме дека не веруваат ниту тие што го кажуваат. Во Република Македонија живеат повеќе етнички заедници и ние сите сме должни да ги почитуваме културните и националните одбележја на останатите заедници, затоа што постапување со вандализам кон едни ќе повлече вандализам и кон други, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

          ВМРО-ДПМНЕ ја разбира целта на поставувањето на споменици на личности од различни цивилизации и периоди (антички, словенски, византиски, римски, христијански, албански, српски и други), личности кои потекнуваат од различни културолошки и етнички идентитети, токму заради тоа што во Археолошкиот музеј се наоѓаат артефакти, кои овие личности ги оставиле зад себе на територијата на Македонија.

 

 

 

 

10.12.2013 - 14:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега