Провалил, пребарал и си заминал богат - тешка кражба во кочанско

Крадците не запираат. Ноќеска, непознат сторител провалил во куќа во кочанското село Д.П Подлог и успеал да го украде богатството на сопственикот  Д.М.

Според МВР, арамијата ја пребарал целата куќа и успеал да пронајде 8.000 евра. Си ги ставил парите в џеб и си заминал.

Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот.