Тетовчанец во бесознание - насилниците во бегство

Ноќеска околу 45 минути по полноќ,  во близина на ресторан „5 ѕвезди“ во Тетово, две непознати лица го нападнале 35 годишниот  тетовчанец Ш.А. Насилниците го грабнале Ш.А., и му впериле оружје во главата. Тетовчанецот турнал еден од насилниците за да се ослободи, но, добил удар со пиштол во главата и паднал во бесознание.

Лицата избегале, а Ш.А. бил пренесен во Тетовската болница, каде му е укажана лекарска помош. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.