За три месеци 21 кражба - група малолетници го пустошеле Скопје

Скопјаните Ш.Г.(19), А.Б. (17), А.А. (16) и малолетник викан „Љапи“ заработија кривични пријави поради постоење основано сомневање дека во од јануари годинава до средината на минатиот месец извршиле вкупно21 кражба.

Овие лица, како што информира денеска МВР, се товарат за кривичните дела „тешка кражба“, четири кривични дела „кражба“ и пет кривични дела „тешка кражба во обид“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 527.700 денари, а причиниле материјална штета од околу 15.800 денари.

Исто така кривична пријава поднесена е и против лицата Н.Д.(37), Ф.А.(29) и Д.Д.(31) поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело „прикривање“.

Серијата кривични дела пријавените ги извршиле на подрачјето на Драчево и Гази Баба и тоа во девет случаи со насилно кршење на бравите и стаклата од вратите на објектите, во седум случаи со прекачување преку ограда, во два случаи со кршење на бетонски цигли и сечење на жица од ограда и во три случаи при згодна прилика.

Од вкупно 12 тешки кражби, три се извршени во отпади за секундарни суровини, три се во патнички моторни возила, две во млин за сточна храна и по една тешка кражба извршиле во магацин, во сервис за монтирање на гасни уреди, во гаража и во подрум.

Од вкупно четири кражби, две се извршени во патнички моторни возила, една од двор и една од помошен објект на куќа. Потоа од вкупно пет тешки кражби во обид, две се извршени во викендици, две во отпади за секундарни суровини и една во аптека.

Скопските крадци, успеале да украдат поголеми количини на алуминиум, бакар, месинг, радијатори, кабли, акумулатори, електромотори, компресори, мотори со редуктори, мешалка за сточна храна, професионален трофазен ВАП, нафта, електричен шпорет, шпорет на дрва, ќумбиња, огниште од казан за варење ракија, рачен алат, радио ЦД, компјутери лап-топ, неонки, бандажи, моторно масло.

најчитано сега