Светската банка на Албанија ќе и даде заем од 200.000 долари

Како што пренесува БТА Албанија ќе добие заем од Светската банка во износ од сто до 200 милиони долари.

Во последниот извештај на СБ за состојбата на економиите на земјите во регионот, експертите прогнозираат тешки времиња за албанската економија. 

Според нив следната година економскиот раст во Албанија ќе биде едвај 1,3 отсто. 

- Нашите прогнози покажуваат дека следните две до три години економскиот раст во Албанија ќе биде едвај меѓу два и три отсто, нагласуваат експертите од СБ. 

Претставници на СБ, кои веќе неколку дена се во посета на Тирана, предупредуваат дека лошите кредити, кои продолжуваат да бидата мошне високи во регионот, се сериозен ризик за албанската економија. 

11.12.2013 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега