Притвор за крадците кои ја опустошија скопската златара "Интер Голд"

СВР-Скопје, до надлежното ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против лицата В.А. (44), В.Г. (48) и Д.Ѓ. (40) поради постоење основано сомневање дека извршиле едно кривично дело – “тешка кражба“, со што се стекнале со противправна имотна корист од 3.600.000 денари.Третопријавениот Д.Ѓ. сторил и едно кривично делотешка кражба“ предвидено и казниво по чл.236 а вв чл.24 од Кривичниот закон на Република Македонија.

Истражен судија на В.А. му одреди мерка притвор во траење од 30 денови, на второпријавениот В.Г. му одреди мерка куќен притвор а додека лицето Д.Ѓ. е пуштен на слобода.

Кривичното дело е извршено на22 март годинава во периодот меѓу 11,45 до 12,20 часот на ул. “Лазар Таневво златарски дуќан Интер голд“ сопственост на Х.З.при што прво и второпријавениот укралеразен златен накит (алки, прстени, ланчиња) со вкупна тежина околу два килограма и едно куќиште за компјутер непозната марка црна боја. Имено, тешката кражба В.А. и В.Г.ја извршиле на тој начин што по претходно направен план на 21 март околу 13,30 часот од мобилнен телефон кој бил сопственост на В.Г.со СИМ картица купена само за таа употреба телефонски му се јавиле на оштетениот соопштувајќи му дека наредниот ден (22.03.) во времето од 12,00 до 12.30 часот треба да отиде во полициската станица Гази Баба за да го подигне записникот за претходната извршена кражба во неговата златара.По ова вечертаистиот ден пријавениот В.А. на погоден начин се качил на заедничкиот покрив од неколкуте дуќани од каде преку необезбедената баџа влегол во поткровниот дел од златарата каде се притаил и останал до наредниот ден.

На 22 околу 11,45 часот кога оштетениот се упатил кон полициската станица Гази Баба од страна на пријавениот В телефонски бил информиран пријавениот В.А. дека дуќанот е празена овој пак кој по внатрешните скали се симнал во приземниот дел при што насилно ја откорнал таблата од иверица со која бил обезбеден дуќанот односно поделен со скалите кои водат на спратот од каде влегол во дуќанот и од изложниот пулт и од отклучената сеф каса одзел златниот накит како и куќиштето од компјутерот а потоа со буренцето од цилиндричната брава од внатрешна страна ја отворил заклучената врата и незабележан од никого се оддалечил од местото на настанот.

Откако двајцатаподоцна се состанале кај Дом на занаетчии влегле во ПМВ марка Пежо партнер“ со скопски регистарски таблички сопственост на В.Г. и отишле на ул.Васил Ѓоргов во поранешната канцеларија на В.Г. сопственост на АПРЗ од каде овој сеуште имал клучеви и таму ги оставиле златните предмети додека куќиштето го искршиле на делови кои ги фрлиле во повеќе контејнери низ градот.Потоа се упатиле и отишле на ручек во Велес.

По неколку дена од извршувањето на кривичното дело пријавениот Владимир златните предмети ги однел во златарата Мак голд“ лоцирана на ул.Народен Фронт во ТЦ Беверли Хилс“ каде на пријавениот Д.Ѓ. му ги продал за сума од 18.000 евра кои парични средства подоцна заедно со пријавениот В.А. ги поделиле подеднакво.

Во просториите на ПСОН „Бит Пазар“ од страна на Д.Ѓ. извршено е препознавање на лица за што истиот со сигурност го препознал пријавениот В дека е лице од кого го купил златниот накит. Исто така пријавениот Д.Ѓ. сторил едно кривично дело – “тешка кражба по чл.236 а вв .чл.24 од КЗ на РМ на тој начин што од пријавените В.А. и В.Г. кон крајот на март годинава во неговиот златарски дуќан за сума од 18.000 евра купил поголема количина на златен накит при тоа за истиот накит не издал никаква потврда или документ дека го откупил ниту пак истото го евидентирал. Потоа истиот тој откупен златен накит пријавениот Д.Ѓ. го однел во друг златарски дуќан, воРома“ лоциран во старата чаршија и на лицето Љ.Ф. го продал златниот накит за сума од 21.000 евра без да добие никаков документ за откупен златен накит.

(Интегрален текст од соопштение на МВР)

ФОТО: Кајгана

најчитано сега