Адил: Се скарав со сопругата зошто ја навреди мајка ми но не ја претепав!

Српскиот пејач Адил Максимовиќ за кој излегоа информации дека ја претепал својата сопруга, ќерката на пејачот Џеј Рамадановски, за српскиот Блиц вели дека само ја зграпчил својата сакана, но дека не ја тепал.

- Не ја удрив мојата сопруга. Во петокот навечер започна да ја навредува мојата мајка и тогаш настана голема кавга. Во еден момент ја фатив за рамената и и викав, но не ја удрив својата сопруга, изјавил Адил на полициските инспектори.

Еден ден порано во истата полициска станица дојде и Ана која на полицијата и раскажа дека Адил крвнички ја претепал, а се скарале бидејќи ја изневерувал и не се грижел за своето дете, туку излегувал и се забавувал додека таа седела со него. 

Засега на Ана и е дозволено да си го земе детето коа го оставила во куќата ноќта кога била претепана, а против Адил е подигната кривична за нарушување на јавниот ред и мир.

11.12.2013 - 09:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега