Бесими: Во Атина не понудив и не добив предлог за името

Во Атина не бев за да понудам или за да примам конкретен предлог за името, вели во интервју за грчкиот весник "Вима" македонскиот вицепремиер за евроинтеграции, Фатмир Бесими.

Грчкиот весник го презентира интервјуто со Бесими под наслов: „Сакаме взаемно прифатливо решение колку е можно побргу“, коментирајќи дека  „албанскиот вицепремиер изгледа особено отворен за компромис и подготвен да ја зацврсти соработката со Грција“.

- Разговарајќи за европската перспектива, несомнено на маса паѓа и прашањето за името. Заеднички се согласивме дека што е можно побргу треба да се постигне взаемно прифатливо решение. Морам да кажам дека не дојдов тука за да понудам или да примам некој конкретен предлог. Тоа ќе се случи во рамките на преговорите во ООН. Но, овде сум повторно да потврдам  дека нашата земја е целосно посветена на изнаоѓањето решение. И сметам дека оваа посета е чекор напред, вели Бесими за средбата со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.

Бесими истакнува дека преку средбата со Аврамопулос сакал да испрати порака дека Македонија нема никаков проблем со ниеден сосед, како и да покаже дека отворените прашања треба да се решат со заеднички дијалог.

- Ахмети одржува активна комуникација со САД. Дава значење на стратешкото пријателство со нашата земја и нашиот народ, нешто што се покажува и од нивната помош во составувањето на Охридскиот договор и континуираните обиди за целосна негова имплементација, истакнува Бесими, одговарајќи на прашањето на грчкиот весни за посетата на Али Ахмети на САД.

најчитано сега