Фудбалерот Звонимир Бобан си ја прегази сопругата

Фудбалерот  Звонимир Бобан, еден од играчите кои пред распадот на СФРЈ со прославената генерација тогашни "Чилеанци" станаа прваци на светот, прилично ја упропасти 20 годишнината од бракот откако на сопругата со возилот и помина преку нога.

Поранешниот  репрезентативец кој со „огнените" на Мундијалот во 1998 година беше трет во светот, на својата 43-годишна сопруга Леонарда Бобан и го скршил скочниот зглоб, пренесуваат хрватските медиуми.

Овој темпераментен фудбалер, чиј напад врз полицајците во текот на прекинот на натпреварот меѓу Динамо Загреб и – Црвена звезда ќе остане вечно запаметен, овојпат нервозата ја искажувал со нервозен од пред болницата и со цигари.

- Штом му ја сместија сопругата во болница, истрча кај неа. Седеше на работ од болничкиот кревет и ја тешеше Леонарда, а таа на лекарите им рече дека се било несреќен случај, пишува "Јутарњи лист", патем потсетувајќи и на животниот пат на Звонимир и Леонарда Бобан.

Поранешниот капитен на хрватската репрезентација и неговата сопруга се запознале кон крајот на 80-тите во еден бутик во Загреб каде таа работела. По четиригодишна врска се венчаа пред матичар во Милано, а шест месеци подоцна и во црквата Свети Марко во Загреб.

Леонарда долго време не можела да забремени, па со Звоне постоиле 4 деца, а по 16 години брак Леонарда конечно и роди.

12.12.2013 - 09:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега