ВИДЕО: Велија и Љубе Бошкоски го чекаа Груевски во Собрание

Опозициките пратеници денеска со слики од осудените Велија Рамковски и Љубе Бошковски го пречекаа премиерот Никола Груевски кој како прв сведок на надзорната расправа на тема „Анализа за почитување на уставно загарантираното право на презумпција на невиност, наодите за злоупотреба на притворот, загрозување на слободата на изразување и медиумски слободи и правото на изразување јавен протест во Република Македонија“ се обрати пред пратениците. 
Опозицијата која и ја бараше оваа расправа го искористи моментот за собирање политчки поени, па мафтаа со сликите на кои имаше осуденици за тежок криминал, како Велија Рамковски и Љубе Бошкоски но и луѓе како Никола Младенов кои загинаа во сообраќајна несреќа.

Премиеот Никола Груевски рече дека не може да зборува за злоупотреба на притворот бидејќи тоа се одлуки кои ги носи судкста власт која нема поврзаност со извршната со која тој раководи

ВИДЕО: А1он

12.12.2013 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега