Еве како да добиете 100 евра за 5 минути

СтартАрт објавува конкурс за краток филм до 5 минути, темата на конкурсот е СЕГА Е ВРЕМЕ или “THE TIME IS NOW” каде можете да опфатите било која тема, тема од љубов, политика, образование,култура и друго, каде можете да предложите и поттикнете на промена во било која област од Уметноста, Културата и секојдневниот живот на секој човек.
 Во овој конкурс може да учествува секој оној кој има камера и има желба да сними и раскаже своја приказна.
 Едноставно е, пренесете ја својата порака и добијте 100 евра! Вашите видеа ќе можете да ги постирате на страната на
www.startart.mk во рубриката Испрати Свое Дело или пак самите да ги закачувате како постови на Fan Page-от на СтартАрт.
 Победниците ќе бидат бирани од самите посетители на страницата на
www.startart.mk каде ќе се избира со гласање, исто така гласањата ќе можат да се остварат преку страницата на Facebook каде ќе се собираат лајковите од најдоброто видео.
 Главната награда за победникот кој ќе добие најмногу гласа е 6000 денари, додека видеото кое ќе оствари второ место од гласовите, ќе добие исто така награда од тимот на СтартАрт. Сепак никој нема да помине без награда, останатите видеа ќе бидат промовирани на Фестивалот на Краток Аматерски Македонски Филм, организиран од тимот на СтартАрт.
 Конкурсот има за цел да ја поттикне и промовира филмската култура во Македонија, како и да ги поттикне младите на културна интеркомуникација преку јазикот на филмската уметност.
 Проектот е наречен
Do Art, Прави Уметност, кој е почетен дел од големиот проект на Старт Арт - Do Art,  Live Art,  Start Art. 

најчитано сега