Италијански бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија

Владина делегација предводена од Заменик претседател на Влада на за економски прашања, Владимир Пешески, во чиј состав се и директорот на ДТИРЗ Виктор Мизо, Министерот за привлекување на странски инвестиции Бил Павлески, Амбасадорот на РМ во Република Италија Велибор Топалоски, економскиот промотор на РМ во Република Италија Иван Илиев, Градоначалникот Марјан Ристески, Претседателот на Совет Никола Димески, извршниот директор на Регионалната Стопанска комора Ристо Најдоски, претставници од општина Прилеп и претставници на бизнис секторот од фирмите: „Витаминка“, „Прилепска Пиварница“, „Дониа“, „Млекара Мики“ и „Марфил“ присуствуваа на бизнис средбата со претставници и инвеститори  на Бизнис секторот на Италија.

На средбата биле претставени можностите за инвестирање во Македонија, а посебен акцент бил ставен на Прилеп.

Вицепремиерот Пешевски, заедно со членовите на делегацијата ги презентирал достигнувањата на Република Македонија во однос на креирањето на поволна бизнис- клима, мерките и реформите кои резултираа со привлекување на повеќе значајни инвеститори како и фактот дека Република Македонија во континуитет го подобрува деловното опкружување.

Според министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, бизнис-средбата е одлична можност да се претстават предностите за инвестирање во Македонија и во градот Прилеп. Според  Градоначалникот Марјан Ристески Прилеп е динамичен град и во иднина можат да се изработат многу заеднички проекти. Може да се најде синергија за текстилот, интересен е секторот за мермер, претставување на индустриските зони како и влегување на градот Прилеп да стане дел од македонската бизнис  - делегација во Италија. 

13.12.2013 - 10:37
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа