АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ во убедливо водство пред СДСМ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред опозициската СДСМ, покажуваат најновите резултати од анкетата спроведена од институтот Димитрија Чуповски. Според неа, доколку се одржат парламентарни избори ВМРО-ПМНЕ би освоила 24,8% од гласовите наспроти 14,7%  од гласачите кои би ја поддржале СДСМ. Според анкетата, за ДУИ би гласале 8% од анкетираните граѓани а 4,3% за ДПА. За партијата на Стевчо Јакимовски би гласале 1,4%.

За ниту една партија се изјасниле дека нема да гласаат над 15% од анкетираните, наспроти 26% кои немале одговор.

Анкетата на институтот Димитрија Чуповски е спроведена телефонски во периодот од 7 до 9 декември на репрезентатвен примерок од 1115 испитаници

13.12.2013 - 11:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега