Децата сеуште веруваат во Дедо Мраз - 8 милиони писма испратени до Северниот пол

Верувале или не, оваа година на Дедо Мраз му пишале над 8 милиони дечиња од целиот свет.

Од Светското здружение на пошти од Берн соопштуваат дека писмата се доказ дека децата се уште веруваат во Дедо Мраз, што навистина ја зголемува магијата околу празничната еуфорија.

Од здружението истакнуваат дека Дедо Мраз е „личност“ до која се пишуваат најмногу писма, од кои повеќето се со адреса „За Дедо Мраз – Северен пол“.

Во 2011 година на листата земји кои најмногу му испратиле писма на Дедо Мраз беа Франција – 1,7 милиони, потоа Канада со 1,35 милиони, САД – над милион, Бразил речиси 950.000 и Британија со повеќе од 800 илјади.

13.12.2013 - 12:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега