Нов скандал на опозицијата во Собранието

Говорот на новинарката и колумнистка на Нова Македонија, Мирка Велиновска, на надозорната расправа во Собранието посветена на правото на презумпција на невиност, притвор и слобора на изразување и правото на јавен протест беше прекинат од страна на пратениците на опозицијата.

Велиновска немаше можност да се обрати од постоајните дофрлања од опозицијата кои сметаа дека новинарката го пречекорила дозволеното време на говор.

„Врз мене имаше политичка интервенција со закана за апсење, директно од министерот за внатрешни Љубомир Фрчкоски во 1994 година. Еднаш ми беа искршени стаклата од семејната куќа и еднаш оградата. Љубчо Георгиевски двапати ме тужеше како приватно лице“, рече меѓу другото Велиновска.

 

Претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Илија Китановски, прогласи пауза откако опозицијата ја прекина Велиновска на Надзорната расправа во Собранието посветена на правото на презумпција на невиност, притворот, слободата на изразување и правото на јавен протест.

13.12.2013 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега