ВМРО-ДПМНЕ: „Евровиа“ повторно ќе ја полни партиската каса на ДУИ со парите на граѓаните

 

„Шест и пол месеци откако на прва свечена и гламурозна церемонија започнаа со градба коридорите 8 и 10Д кај Гостивар, 6 ипол месеци ниту еден метар нов асфалт. Ништо од најавите на Ковачевски дека со полна пареа ќе се градат автопатите на коридорите 8 и 10Д. Само сликање и изјави, а по завршување на церемонијата на локациите каде треба да се гради автопат, нема ниту една машина ниту еден работник. И од овој проект владата на ДУИ и СДС прави криминал со парите на граѓаните“. Вакви пораки испраќаат утрово од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до медиумите
Велат дека било скандалозно тоа што главен подизведувач на овие проекти се јавува фирмата Еуровиа, која е главен партиски донатор на ДУИ.
„За ДУИ и СДС нема ништо спорно со тоа што фирма која секоја година донира на сметката на Демократската унија за интеграција милиони евра, а добива пари од државата.
Јасно е дека парите кои ќе ги земе Еуровиа директно ќе завршат на партиска сметка на ДУИ.
Претходно истата оваа фирма доби директно тендер од МНР и Бујар Османи за трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на настан.
Целосен молк од страна на Јавното обвинитество за овој скандал, молк и од антикорупциска комисија“, порачаа од најголемата опозициска партија.

17.09.2023 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега