Како на филм: Турнал кавадарчанка на под и ја ограбил - соседот го спречил да избега

На улицата „Едвард Кардељ“ во Кавадарци од страна на две маскирани лица извршена е разбојничка кражба над В.К.

Сторителите влегле во станот додека таа била отсутна, при што кога се враќала дома ги затекнала, а тие ја турнале на подот и се обиделе да побегнат, одземајќи од станот 500 евра и два пара златни обетки.

Еден од сторителите, 27-годишниот прилепчанец А.Ѓ. бил фатен од страна на сосед и е приведен во полициската станица во Кавадарци.

14.12.2013 - 13:48
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа