Учениците од „ Димитар Влахов “од Струмица добија нова спортска сала

Учениците од Средното општинско училиште „Димитар Влахов” во Струмица добија нова спортска сала.

Спортската сала во употреба ја пушти министерот за образование и наука Спиро Ристевски.

- Овој повеќенаменски спортски објект е изграден и целосно опремен со инвестиција од 38,5 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија и Банката за развој при Советот на Европа. Во него може да се играат сите мали спортови за што се обезбедени потребните реквизити, гардероби и туш кабини за ученииците, како и трибина за 400 гледачи, рече министерот Ристевски.

Директорот  на СОУ „Димитар Влахов”, Димитар Ѓоргиев од име на учениците и професорите во овој средношколски центар упати зборови на благодарност до министерот и Владата, за нивното максимално ангажирање во решавањето на овој проблем.

-Со новата спортска сала, нашите ученици добиваат прекрасен објект за изведување на наставата по физичко образование и идеален простор за спорт и рекреација. Се надевам дека во овој објект ќе се издигнат нови спортисти од калибарот на Пандев и Илиевски, рече директорот Ѓоргиев.

14.12.2013 - 15:43
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега