Адил: Ме ставија пред голем срам без докази - кога ќе се знае вистината сите ќе бидат шокирани

Адил Максимовиќ, популарниот српски пејач и зет на Џеј Рамадановски, кој пред околу една недела ја претепа својата сопруга која се породи пред два месеци, се огласи по немилите настани на својот официјален Фејсбук профил.

- Наскоро ќе се знае вистината и кој навистина е виновен. Јас сум ставен пред голем срам без докази, сите ме осудуваат иако нема доказ дека сум извршил семејно насилство. Зошто никој не се запраша зошто новинарите не објавија извештај од лекар? Зошто мојата сопруга нема ни гребнатина а тврди дека е претепана? Кога нешто такво ќе се случи службите за помош ја алармираат и полицијата. Каде е тој извештај? , вели Адил на Фејсбук.

Адил додава дека во најтешките животни моменти сфаќа дека за него тука се само семејството и вистинските прјатели кои му пружаат поддршка и му веруваат.

- Среќа што не новинарите, туку органите на власта одлучуваат за овие нешта, па ќе се дознае вистината. Тогаш сите ќе останат шокирани...додава пејачот.

Па се уште останува отворено прашањето, ја претепал ли Адил својата сопруга? За потсетување, инцидентот се случи минатиот петок, а Ана Рамадановска тврди дека тој ја удирал на местото каде и е раната од пораѓањето. Од друга страна Адил вели дека не ја претепал а караницата настанала бидејќи таа ја навредувала неговата мајка.

15.12.2013 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега