Српска конзулка се сликала полугола

Снежана Милановиќ која туку што беше поставена за конзулка во Минхен, се сликаше полугола за насловната фотографија на новиот албум на Оливер Мандиќ. Како што пренесе српскиот Курир, на фотографијата конзулката е облечена само во мантил, од кој се гледаат нејзините гради.

Популарниот пејач не може да се сети која била девојката која осамнала на омотот на неговиот албум. Медиумите во тоа време пишуваа дека Снежана и Оливер се во љубовна врска.

- Сум спиел со многу жени но не се сеќавам на таа  Снежана се колнам, вели пејачот, пренесува српскиот Курир.

Оваа фотографија е направена пред 28 години, но од тогаш Снежана многу напредувала, па е поставена за конзул во Минхен.

15.12.2013 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа