Интерпол трага по 14 годишната Маја од охридско

Интерпол трага по 14 годишната Маја Блажеска од охридското село Лешани која пред повеќе од еден месец по втор пат побегна од својот дом.

Откако  девојчето не беше пронајдено на територијата на Македонија, донесена е одлука за распишување на меѓународна потрага .Од МВР велат дека за жал до овој момент немаат никави нови релевантни сознанија или информации околу тоа каде и со кого би можела да се наоѓа малолетничката.

Родителите на Маја заедно со мештаните ги пребаруваа околните села во Дебарца каде се претпоставуваше дека за последен пат била видена .Тие бараат од надлежните да се пронајде нивната единствена ќерка .

Инаку 14 годишната Маја првиот пат заминала  кај своето момче во Скопје кое го запознала преку социјалната мрежа Фејсбук, но по пријавата во полиција се врати дома.

Од второто бегство до овој момент нема ни трага ни глас од неа таа воопшто не контактирала со своите родители за последен пат се слушнала со својата баба на која и кажала дека ја напушта државата преку Бугарија.

Полицијата будно го следи овој случај и интензивно работи на пронаоѓање на девојчето

15.12.2013 - 21:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега