ВИДЕО: Ја урнаа зградата на дедото на градоначалникот на опозицијата

Во приморскиот град Валона, вчера попадне со поставување 300 килограми експлозив урната е осумкатницата која се наоѓаше на самиот брег, јави дописникот на МИА од Тирана.

Објектот е во сопственост на дедото (татко на сопругата), на градоначалникот на Тирана Љуљзим Баша и лидер на опозициските демократи.

И покрај тврдењата на сопственикот дека поседува потребна документација, Државниот инспектор за урбанизам на Албанија донесе решение за нејзино уривање зашто била изградена на локација на која не се предвидени градби.

Уривањето беше со полициска асистенција и голема градежна оператива, а осум часа пред детонирањето и неколку потоа беше забрането секакво движење во поширокото подрачје.

Став на Владата на социјалистот Еди Рама е да се исчисти крјабрежјето од дивоградби и несоодветно поставени објекти. 

15.12.2013 - 21:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега