Македонија ја „блокира“ Црна Гора на патот кон НАТО

Црна Гора нема да биде примена во НАТО ниту следната година, а причина за тоа е што Алијансата планира на оваа држава да и ги отвори вратите во пакет со Македонија, објави денеска подгоричкиот весник „Дневне новине“.

Повикувајќи се на извори во НАТО, весникот наведува дека Северноатлантската алијанса инсистира на истовремен прием на Црна Гора и Македонија.

Весникот истакнува дека иако Црна Гора ги исполни повеќето задачи, односно остана уште да обезбеди посилна поддршка од граѓаните, таа нема да биде примена во НАТО се додека Македонија не го реши спорорт со Грција околу името.

Поради тоа, според „Дневне новине“, самитот на НАТО следната година нема да се занимава со проширување на Алијансата. Следниот самит на НАТО ќе се оддржи на 4 и 5 септември во Велика Британија.

Црна Гора во моментов го спроведува Акцискиот план за членство (МАП),  што се смета за предворје за полноправно членство во НАТО.

Меѓутоа, повеќето граѓани на Црна Гора, според последните истражувања, се против влезот на земјата во НАТО.

Според анкетата на Центарот за демократија и човекови права, 45 отсто од граѓаните на Црна Гора се против влезот во НАТО, 38 проценти го поддржуваат членството, додека 17 отсто од анкетираните немаат став за ова праашње.

16.12.2013 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега