ПСЖ е новиот шампион на Франција

На две кола до крајот на шампионатот во Лига 1, фудбалерите на ПСЖ ја освоија третата титула првак на Франција и тоа по пауза од 19 сезони.

Синоќа на гостувањето на „Жерлан“ кај Олимпик Лион, парижаните остварија победа од 1:0 со голот на Џереми Менез во 53.минута.

Ова беше последниот натпревар од 36.коло.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Лориен – Сент Етиен 3:1, Евиан – Ница 4:0, Олимпик Марсеј – Тулуз 2:1, Ајачио – Троа 0:1, Бордо – Нанси 3:2, Бастија – Монпеље 3:1, Брест – Сошо 0:2, Валенсиен – Рен 4:1 и Лил – Ремс 3:0.

Табела: ПСЖ 77 бодови (првак), Олимпик Марсеј 70, Олимпик Лион 63, Лил 60, Ница 60, Сент Етиен 59

најчитано сега