Мицкоски: Не ја прифаќам тезата „ако нема уставни измени, нема ЕУ“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата Анализа на ТВ 24 вели дека не ја прифаќа тезата дека доколку ВМРО-ДПМНЕ е за Европската унија тогаш мора да гласа за уставните измени.
-Што се однесува до патот, не прифаќам теза ако сте за Европска Унија, тогаш гласајте за уставни измени. Тоа не, дециден е Мицкоски.
Мицкоски посочи дека претходно кога власта носела договори не и беше важно што мисли ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, но кога им требаат за уставни измени тогаш им е важно ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека доколку го слушаа ВМРО-ДПМНЕ тогаш немаше државата да се најде во оваа ситуација.
-Сега важно ви е ВМРО-ДПМНЕ, но каде бевте кога ги носевте овие договори и ни мавтавте овде во државата, а притоа ВМРО-ДПМНЕ ви се нудеше и притоа волја на граѓаните неколку месеци претходно на локалните избори беше јасна дека треба да има предвремени избори и дека треба да има промена на владата во Македонија. Тогаш сето тоа вие го изигнориравте, и сега наеднаш ви е важно ВМРО-ДПМНЕ. А не најдовте ниту 5 минути да го сослушате ВМРО-ДПМНЕ, за да видевте што ВМРО-ДПМНЕ мисли, рече Мицкоски и додаде:
„Затоа што ако тогаш го сослушавте ВМРО-ДПМНЕ, ние немаше да се најдеме во оваа ситуација, бидејќи ќе дојдеше нов предлог после францускиот“, вели Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа