Арсовска: Многумина не поддржуваат - ќе учествуваме на изборите

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва ја презеде политичката партија Нова Алтернатива. Во изјава за медиумите информира дека партијата Нова Алтернатива ќе учествува на претстојните парламентарни избори и посочи дека за нив остануваат отворени сите опции за коалицинирање.

-Сите опции ни се отворени, тоа е нешто за коешто треба нормално да се разговара. И во овој момент сметам дека е премногу рано Нова Алтернатива да можеме генерално и дадеме ваков одговор, меѓутоа она коешто го знаеме е дека ќе учествуваме на претстојните парламентарните збори. Имаме многу од нашите граѓани коишто не поддржуваат, коишто знаат за какви лица се работи кои можат да дадат многу за иднината на нашата земја, рече таа.

17.01.2024 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега