Пешевски: И понатаму ќе се трудиме за повеќе вработувања и поголеми стапки на економски раст

        

  На трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Велес збор зема и вице-премиерот за економски прашања и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски. 

-“Економските политики се фундаментот на сето она што го прави ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 6 години. Главната цел на секоја Влада е да креира што поголем степен на вработеност или да ја елиминира невработеноста и да обезбеди што поголеми стапки на економски раст", изјави Пешевски.

          Клучот на решението за овие работи, како што рече Владимир Пешевски е кај оној кој е спремен да работи напорно, одговорно и посветено.

     -     “Да не брка краткорочни политички поени, туку да работи на долгорочен план за да се постигне успех. Доколку така се постават работите долгорочно, така и ќе следи успехот.”

          Водењето на држава е многу покомплицирана работа отколку водењето бизнис. Политичарите кои се само силни на зборови не се снаоѓаат добро во политиката. Не е доволен само настапот на телевизија и добро говорење за да си добар политичар, додаде Пешевски.

    Според него за да се привлечат инвестиции потребно е државата да има макро-економска стабилност, да биде под контрола инфлацијата, да има стабилен курс на денарот, стабилен буџетскиот дефицит, степенот на задолженост на државата да е низок, треба да ви се поставени фискалните политики, даночната политика мора да биде исправна, или ако немате доволен број на девизни резерви, ако кредитниот рејтинг на државата ви паѓа или во било кој од овие сегмени имате слабост, инвеститорите бегаат и не сакаат да инвестираат. Ние постигнавме стабилност во сите овие сегменти и ги подобруваме сеуште во време на криза, а замислете што ќе беше ако не беше кризата.”- појасни Пешевски за условите кои се потребни да се привлечат странски инвестиции.

 

 

17.12.2013 - 14:51
Фото: 
вмро-дпмне.орг

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега