ВМРО-ДПМНЕ: Како идна Влада, ќе ја прошириме листата на бесплатни лекови

 

„Приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде проширување на позитивната листа на бесплатни лекови, која постојано ќе се ажурира, затоа што граѓаните заслужуваат најдобра услуга“. Ова го потенцираат од опозициската партија преку писмено соопштение испратено утрово до медиумите.

Во него дополнуваат дека платформата за здравствената иднина предвидува комплет на трансформација на здравството и спроведување на регионализација што е предуслов за добивање на квалитетни здравствени услуги, затоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на стратегија за регионализација на болниците. Штипскиот клинички центар ќе биде една од тие регионални болници.

„Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе имплементира Национална стратегија која ќе предвидува нов начин на водење на кадровска политика, преку современа и континуирана медицинска едукација, но и современа инфраструктура.

Довебрата во здравствениот систем мора да биде вратена. Граѓаните мора да имаат квалитетна здравствена заштита и систем“, се додава во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

03.02.2024 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега