Полицијата го окупираше Велес- вечерва нови апсења и претреси

Полицијата вечерва повторно апси и врши претреси во Велес, дознава Пресс24. Приведени се неколку лица кои според неофицијални информации биле дел од криминална група која се занимавала со шверц на дрога. Запленети се и над 100 килограми марихуана која олеми афербила наменета за странските пазари. Групата била организирана и поседувала посебен камион кој бил користен за шверцот.

Сеуште нема информација од надлежните, дали станува збор за Франкфурт мафијата или за друга криминална група од истиот град која со дрога ги снабдувала западно-европските пазари. Детали најавуваат за утре.

Велешани имаа главни улоги во неколку големи афери и полициски апсења, почнувајќи со Франкуфрт мафијата, акцијата Ликвидација како и акцијата Шпион.

 

17.12.2013 - 22:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега