Пожар пепелоса куќа во Охрид

Во текот на вчерашниот ден силен пожар пепелосал куќа во Охрид. Според податоците на Охриднет, се работи за куќа лоцирана на улицата Шеста Бригада во Црногорци, каде за среќа нема повредени лица.

Според податоците, половина куќа изгорела до темел, а изгорена е и цела покуќнина од дневната соба.

За среќа, со брзата интервенција на пожарникарите не биле зафатени и соседните куќи и била спречена трагедија. 

Засега не е познато која е причината за настанувањето на пожарот.

18.12.2013 - 09:37
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега