Изгоре куќа во тетовско

Пожар избувна во куќа во Тетово. Се работи за куќа лоцирана во тетовското село Ѓермо, во сопственост на 36-годишниот Х.Б. кој од избувнал на потпокривот.

Како што јавува МИА, огнот избувнал во потпокривот каде се наоѓал кабелот со кој куќата се напојувала со електрична енергија од блиската бандера, по што брзо ги зафатил сите простории на првиот кат и подот во дел од приземјето. Во мометот на избувнувањето во куќата немало никој и затоа нема повредени.

Од пожарот целосно се изгорени просториите на првиот кат и покуќнината поради што сопственикот штетата ја проценува на околу 600 илјади денари.

18.12.2013 - 09:54
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега