Ги врзале и ги ограбиле - хорор за сопружници од Тетово

Брачен пар од Тетово синоќа преживеал вистински хорор. Разбојници влегле во куќата на 77-годишниот Р.В.  и 71-годишната Х.В. и со самолеплива трака им ги залепиле рацете и нозетепо што ги ограбиле.

Според податоците, насилниците со закана на тетовчаните им одзеле 2.600 евра и 2.500 денари. 

Полицијата работи на случајот.

18.12.2013 - 11:22
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа