Паднаа 139 кила марихуана во Делчево

Македонската полиција вчера на граничниот премин „Делчево“ во делот за товар откри 139 килограми марихуана, спакувана во 56 даски во кои се направени специјални шуплини за нејзино криење. Како што вчера објави Пресс24, се работи за неколку лица кои се дел од криминална група која се занимава со шверц на дрога.

Денеска на прес-конференција, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека се приведени четири лица, тројца од Велес и едно лице од Скопје. Кај нив биле пронајдени алати за специјално изработување на даските кои се прилагодени за криење на дополнителен товар во нивната внатрешност.

Министерката информира дека се работи за 280 пакувања марихуана за која цената на западноевропскиот пазар би била од 600.000 евра до 1,5 милион евра.

18.12.2013 - 12:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега