Ова се апчињата кои Македонците најмногу ги пиеле во 2012

Со 1,65 милиони реализирани рецепти, лекот “enalapril” е топ број еден најкористен лек за 2012 година, објавува порталот Здравство24. Тоа е за 7,8 проценти повеќе од 2011 година. Овој лек е во групата на кардиолошки лекови кои делуваат на ренин-ангиотензин системот. Зголемување на потрошувачката во однос на 2011 има и лекот за смирување Diazepam со 882.013 реализирани рецепти. Ако се има предвид дека овој лек во многу аптеки се добива и без рецепт, тогаш неговата реална потрошувачка е многу поголема. Токму ваквата потрошувачка на антидепресиви беше иницијатива уште лани министерството за здравство да најави сериозна анализа за зголемената потрошувачка на овие лекови. Дали македонските граѓани се таблетомани или состојбата е реална треба да покажат анализите на релевантните институции.

Речиси еден милион рецепти има и за лекот Pentoxifylline. Минатата година Фондот издвоил и 49,4милиони денари за скапи лекови што е околу 2,5% од вкупните средства за лекови на рецепт. Бројот на рецепти за овие лекови во 2012 година е зголемен за околу 15% во однос на 2011.  најголема потрошувачка по број на рецепти има лекот “cyproterone” со 7.882 реализирани рецепти.

најчитано сега