Акцијата на Фершпед надмина 2200 евра

Акцијата на компанијата Фершпед и денеска скокна максимални 10% при тргувањето на македонскиот пазар на хартии од вредност. Се истргуваа вкупно 72 акции секоја по цена од 137.426 денари со што се оствари промет од 9,9 милиони денари. Акцијата на Фершепд е во неверојатен пораст по најавите за можно прегрупирање на сопствеништвото. 
Кон крајот на минатиот месец, една акција на Фершепд се продаваше по цена пониска од 1000 евра.

18.12.2013 - 20:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега