„Паднаа“ 7 килограми марихуана на Ќафасан

Царинските службеници на граничниот премин Ќафасан вчера спречија обид за пренос на опојна дрога – марихуана.

Како што информираат од Царинската управа, синоќа околу 19:30 часот, на граничниот премин Ќафасан, за влез во Република Македонија се пријавил автомобил марка „голф“ со бугарски регистарски таблички, управуван од 37-годишнито романски државјанин Г.М.Д.. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинење, тој одговорил негативно, додавајќи дека патува за Романија, но службеникот се посомневал во неговиот исказ и извршил детален преглед на патникот и возилото.

Во внатрешниот дел на возилото, во фабричките шуплини под страничниот тапацир, кај задните седишта на двете страни, се пронајдени вкупно осум пакетчиња зелени најлонски кеси облепени со кафеава самолеплива лента, исполнети со тревкаста материја, за која со тестирање за дрога е утврдено дека станува збор за марихуана, во вкупна количина од околу 7,39 килограми.

Сторителот и марихуаната биле предадени на царински инспектори од Одделението за истраги заради преземање  понатамошни предистражни дејстивија.

Од спроведената предистражна постапка утврдено е дека осомничениот, за надомест од 1.000 евра, требало да ја прнесе марихуаната од Албанија до Софија. Според изјавата на осмничениот, организатор на транспортот на дрогата е бугарски државјанин од кој осомничениот претходно го купил возилото и од кого добил детални насоки за транспортот. Откако се сместил во хотел во Тирана, осомничениот го оставил возилото и клучевите на паркингот пред хотелот.

Утрото возилото му било повторно оставено на истото место на паркингот, подготвено да го однесе до Софија, да го остави на определен паркинг и да се врати да си го земе за четири часа, период кога дрогата требало да биде извадена од возилото, а парите за услугата да му бидат оставени во касетата во возилото.

Царинската управа поднесе кривична пријава против романскиот државјанин за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Сторителот бил изведен и пред надлежен истражен судија.

најчитано сега