Нимиц не може да направи чудо

Медијаторот Метју Нимиц не може да направи чудо во преговорите меѓу Грција и Македонија за прашањето за името, изјавил „компетентен и искусен дипломат“ за грчките медиуми.

Во Атина во моментов се разменуваат мислења и забелешки за последниот предлог на Нимиц и на маса се различни варијанти на сложени имиња кои ќе бидат испратени во Њујорк откако Самарас ќе се врати од Кина, јави дописниот на МИА од Атина.

Сепак, грчките аналитичари и медиуми вината за досегашниот неуспех на преговорите за името се уште ја префрлаат на македонската страна и тврдат дека „властите во Скопје се тие кои треба да го сменат мислењето, со цел преговорите да излезат од ќорсокакот во кој се наоѓаат“.

Грчкиот премиер Самарас, со 60-тина бизнисмени во среда заминува на петдневна посета на Кина каде ќе бара инвеститори

најчитано сега