Нова услуга на ЕВН Македонија - „Говорно сандаче“ - проверете ја телефонски состојбата на вашата сметка!

ЕВН Македонија промовира уште една нова услуга за своите корисници насловена „Говорно сандаче“. Отсега, корисниците во секое време ќе можат да ја проверат состојбата на сметката за потрошена електрична енергија, и тоа: вкупниот долг кон ЕВН Македонија; износот на последната фактура за електрична енергија и рокот за плаќање на фактурата.

Користењето на услугата е едноставно. Се’ што треба корнисникот да направи е да го повика телефонскиот број 089 089 089 и да го внесе бројот на корисник. Понатаму според инструкциите на говорниот автомат брзо и лесно ќе ги добие потребните информации.

Бенефитот за корисниците на оваа услуга е повеќекратен. Во случај кога фактурата за електрична енергија не е пристигната на време, доволно e корисникот да го знае нејзиниот износ и бројот на корисник, за да ја плати фактурата во било која банка или пошта. Ако корисникот има случајно заборавена неплатена фактура за електрична енергија, тоа може лесно да го провери преку говорното сандаче без да мора да излезете од дома. Корисниците пак, кои одбрале траен налог или друг начин на авоматско плаќање, во секое време ќе можат да проверат дали долгот редовно се сервисира.

ЕВН Македонија постојано работи на подобрување на услугите за своите корисници. Во изминатиов период се промовираше и услугата “E-фактура” со која сметките за електрична енергија може да се добиваат по електронска пошта. Се’ што треба да се направи е да се пополни формуларот  достапен на www.evn.mk и да се испрати потпишан и скениран на efaktura@evn.mk или да се достави во било кој Кориснички енерго центар (КЕЦ).

Повеќе информации за сите услуги на ЕВН Македонија може да најдете на  www.evn.mk или на 0890 12345. 

најчитано сега