ФОТО: Ужас на автопатот Белград-Загреб- загинати и повредени во верижен судир на 36 возила

На автопатот Белград – Загреб, кај наплатната рампа Шимановци се случиле два верижни судири во кои учествувале 36 возила. Две лица загинале, додека триесетина се повредени, меѓу кои и три деца, јавуваат медиумите во Србија.

 Првиот судир се случил на околу два километри пред наплатната рампаи, и во него учествувале 16 возила, додека другата несреќа се случила на околу 200 метри кон Печинац и во неа учествувале 20 возила.

Кон местото на несреќата се упатиле повеќе возила на итната помош од неколку градови, Сремска Митровица, Рума, Стара Пазова, Инџија, како и две екипи од Белград. Сообраќајот во тој реон е пренасочен преку Рума.

Причина според локалната полиција е густата магла и слабата видливост на патот.

 

22.12.2013 - 11:08
Фото: 
twitter

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега