Време: Магла и облаци во текот на целиот ден

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до нулата, а дневната од два до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко и со магла во претпладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до два степени.

23.12.2013 - 09:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега