Телеком ја продолжи понудата за оптика до 31 декември

Македонски Телеком, поради големиот интерес на корисниците ја продолжува понудата за Оптик пакетите до 31 декември 2013.

Со понудата, нов корисник може да проба Оптик пакет два месеца без доплата, како и да гледа бесплатни ТВ канали во висока резолуција на МахТV. Со услугата од Телеком, корисниците во Македонија добиваат интернет брзина до 1 гигабит во секунда, со која можат да преземат податоци од интернет до сто пати побрзо отколку што беше можно преку типичен приклучок. Наместо за дваесет минути, како до сега, корисниците можат да преземат видео содржина од интернет за помалку од една минута.

23.12.2013 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега