ВМРО ДПМНЕ: Bo Охрид мора да се воведе ред после огромниот пустош што зад себе го остави СДСМ

ВМРО ДПМНЕ е сериозна политичка партија и своите заложби за Охрид ги истакна во својата Програма која доби полн легитимитет од Охриѓани. Идентификацијата на главните проблеми со кои се соочуваше Охрид во изминатите години покажа тотална неодговорност на СДСМ во раководење со градот вклучувајќи ја и кадровската структура во Општината и во Јавните претпријатија. Тоа беше еден од клучните моменти на нефункционирањето на градот и непобитен факт за партизацијата на Општината  и јавните претпријатија од страна на СДСМ и неговите сателит партии. Охрид не смее и нема да си го дозволи тој шарлатански однос кон сопствениот град.

Паушалните обвинувања дека ВМРО  ДПМНЕ спроведува некаков „реваншизам“ се само бесцелен обид да се излезе на Прес конференција и  фројдовски го самораскажува само начинот на кој СДСМ владеел со Охрид .

 

Воведување на ред во системот на функционирањето на Општината и на јавните претпријатија е основна цел на ВМРО ДПМНЕ . Bo Охрид мора да се воведе ред после огромниот пустош што зад себе го остави СДСМ.  Тоа ќе продолжи се до моментот  на санирање на последиците од неодговорноста на претходната локална власт и до моментот кога Охрид ќе добие потполно респектабилни и функционални институции . Тоа е наша цел и никакви фројдовски пресови нема да не одвратат од таквиот пат и цел.

ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид

23.12.2013 - 14:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа