Груевски: Ветуваме и остануваме доследни на зборот

Поминавме приод во кој за прв пат во Македонија се појави политичка структура што покажа дека знае да раководи со државата. Многу внимателно се осврнувавме во сите сфери и внимававме да ги исполниме ветувањата.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Владата на Република Македонија, Никола Груевски на граѓанската трибина што се одржа вечерва во Гевгелија.

- Опстојавме на ветеното и останавме доследни на дадениот збор дека ќе бидеме Влада што најмногу ќе работи. Решивме голем дел од напластените проблеми од минатото,но продолжуваме да се грижиме во сите сфери да даваме максимум и посветено да работиме затоа што имаме многу проекти за реализација во 2014 година, рече Груевски.

Во здравството, потенцира, направивме чекори за обука на лекари во странство, за набавка на современа опрема и апарати и обнова и реконструкција на здравствените објекти во земјата. Се заложивме додаде во здравството за 4 до 5 години, Македонија да биде лидер во регионот.

- Во времето на СДСМ не можеше да се зборува за борба против криминалот и корупцијата затоа што директно беше генерирана од нивниот врв. Ние работиме сериозно и кој ќе се фати ќе плати. Така работи ВМРО-ДПМНЕ и така ќе работи додека биде на власт, потенцира Груевски.

Порача дека нашите евро-атлантски интеграции се закочени од Грција поради нерешениот проблем со името, но, нагласи, дека тоа е име за кое може да одлучуваме сите заедно.

Вети дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде политичка партија која сериозно и стабилно ќе гледа на секој проблем за да може успешно да се реши.

Министерот за економија Владимир Пешевски се осврна на стабилната макроекономска политика која, како што рече, претставува фундамент за развој на државата.

-Инфлацијата е под контрола, денарот 15 до 16 години има стабилен курс дури и во време на криза. Девизните резерви достигнаа максимално ниво од преку две милијарди евра, а под контрола е и државниот дефицит, истакна Пешевски.

Тој  додаде дека макроекономските индикатори се стабилни што, потенцира, е многу важно и покажува дека сме максимално одговорни

23.12.2013 - 22:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега