Израдувајте ги вашите најблиски со најдоброто од Sony

Без разлика дали сакате да ги изненадите вашитe сакани со совршен подарок или пак да им подарите нешто на кое ќе му се радуваат во празничната сезона, Sony ви нуди предлози за идеален подарок за овие празници. Најдобрите производи за оваа година како што се најдобриот телевизор во Европа за 2013 – 2014: BRAVIA KDL-55W905A,   објективите QX, врвниот RX100-II дигитален фотоапарат или AS30V ќе бидaт прекрасни новогодишни подароци за вашите најблиски.

BRAVIA W9 (40", 46'', 55'') – Гледајте ги вашите омилени Божиќни филмови на новиот BRAVIA W9 - револуција на бојата, звукот и можностите за поврзување. Овој Full HD LED телевизор од Sony нуди извонредно детални слики, моќен звук со одличен бас и поврзување со еден допир преку вашиот мобилен телефон.

 

Cyber-shot™ DSC-QX10 и DSC-QX100 – Sony воведе два нови производи во асортиманот на фотоапарати што ќе го претворат вашиот паметен телефон во моќен дигитален фотоапарат. Фотоапаратот во форма на објектив нуди драматично подобрување на квалитетот на дигиталните фотографии кои може да ги направите со вашиот паметен телефон. Снимајте и споделувајте фантастични фотографии и HD видео клипови со вашиот телефон, со квалитет на сликата и креативни опции кои можат да им конкурираат на врвните дигитални фотоапарати. Фотоапаратите во форма на објектив QX10 и QX100 се совршен партнер за новиот Xperia™ Z1 и останатите паметни телефони кои го трансформираат вашиот мобилен во моќен дигитален фотоапарат кој се поврзува со вашиот телефон преку Wi-Fi.

NEX-5T – Големиот сензор овозможува добивање на подобри слики и во овој случај големината навистина е важна. Новиот NEX- 5T од Sony ќе ви овозможи да снимате квалитетни професионални фотографии и ќе ви обезбеди безжична слобода спакувана во еден моќен дигитален фотоапарат со џебна големина кој ви нуди безгранична слобода во креативноста преку заменливите објективи. Лесно сместувајќи се во џебот или торбата, ова е совршен подарок за страствените фотографи кои очекуваат DSLR квалитет на слика и мноштво опции за контрола во уред кој истовремено не тежи многу.

 

Cyber-shot DSC-RX100 II – Зачувајте ги најубавите моменти од празничната атмосфера со RX100 II или изберете го како идеален подарок за младите и надежни улични фотографи. Надоградувајќи се на врвниот квалитет на сликата на повеќепати наградуваниот RX100, овој модел вклучува Wi-Fi за лесно поврзување со паметните телефони што ќе ви овозможи лесно споделување фотографии или видео записи. Овој модел е исто така првиот фотоапарат од Sony со NFC (Near Field Communication) технологија, која овозможува едноставно поврзување преку еден допир со вашите Android паметни телефони и таблети.

 

Акциона камера HDR-AS30V – Kомпактната Full HD Action Cam видео камера од Sony е совршен подарок за љубителите на авантури. Од снежните до водените спортови, ActionCam ги снима сите авантури од вашата перспектива на гледање и може да сними фотографии со јасни 11,9 мегапиксели како и HD видео записи. Оваа мала, лесно пренослива камера располага со водоотпорно куќиште (за употреба на длабочини до 5 м), широкоаголен Carl Zeiss® објектив до 170 степени, Exmor R™ CMOS сензор и SteadyShot стабилизација на сликата. Со тежина од само 90 гр., камерата има вграден NFC за полесно поврзување и Wi-Fi за да можете да ги префрлувате видео снимките директно на вашиот паметен телефон или таблет. За оваа видео камера постојат голем број на додатоци за најразлични намени.

 

MDR-10 – Прославете ги празниците со стил со врвните MDR-10 слушалки од Sony. Во потрага по најдоброто искуство при слушање музика, инженерите на Sony се здружија со Danny O'Donoghue, Mark Sheehan и Glen Power од the Script. Соработката имаше за цел да се создаде звук кој е во склад со музичкиот вкус на денешнината, значително подобрувајќи ја репродукцијата на моќните нискофреквентни звуци за кои се жедни љубителите на басот. Резултат на ова уникатно партнерство се асортиманот на слушалки MDR-10 кои го оживуваат секој ритам со возбудливи реалистични детали.

 

CP-V3 пренослив полнач – Компактниот CP-V3 пренослив полнач ви дава можност многу брзо и лесно да ги наполните батериите на вашите телефони додека сте во движење, вклучувајќи модели на паметни телефони со различни оперативни системи како Android, iPhone, Windows и BlackBerry®. Каде и да се наоѓате може многу лесно да ја наполните батеријата која ќе ви биде достапна за повици, е-mail, СМС пораки и споделување на содржини преку интернет. Последната цртичка од батеријата повеќе нема да биде проблем за да го користите вашиот мобилен телефон кога и да ви биде потребен. Овој полнач е одличен за патувања или пак за итни случаи.

 

За да разгледате повеќе производи од Sony, посетете ја веб-страницата www.sony.com.mk

23.12.2013 - 23:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега