Заев: Во Македонија нема бизнис клима - заработив само 6-7 милиони евра

Претседателот на СДСМ смета дека во Македонија нема деловна бизнис клима за водење бизнис, иако претходно во интервјуто вели дека  капиталот од шест-седум милиони евра на семејството Заеви е создаден во времето кога ВМРО-ДПМНЕ бил на власт, по што се поставува прашањето како фирмите на Заеви заработиле толку многу ако деловниот амбиент во Македонија е лош, како што вели тој..

-Нашиот имот е во делот на фирмите, фирмите се покриени со кредити. Еве реков, колку е вредноста на имотот по проценки отприлика се  и кредити и апсолутно не бегаме од тоа, ние се гордееме, тоа е создадено, пред се 90 отсто е создадено додека ВМРО-ДПМНЕ бил на власт. Граѓаните го чувствуваат деловниот амбиент, тука се бизнсимените, тука се вработените во сите фирми, сите знаат како живеат денеска. Деловниот амбиент во Македонија е за жал на минимум од целиот регион од по странски инвестиции. Домашните инвеститори престанаа да инвестираат, ако е добар деловниот амбиент зарем нема да имаме дополнително охрабрување, одважување да земеме кредити, да ги заложиме куќите. Нема никакви инвестиции во РМ, вели Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за време на митингот на владејачката партија во Струмица годинава говореше за тоа како семејството Заеви пред влезот на лидерот на СДСМ во политиката имале само неколку мали бизниси, а денеска во Струмица  не можат да се добројат нивните фирми.

-Пред влезот во политиката, некаде во 2002 година, можеше да се пофали со неколку мали бизниси неговото семејство, од типот на продавница за прехранбени производи, тулана и мала штедилница, а денеска овде во Струмица некој ако почне да ги брои фирмите на кланот Заеви, не може да го заврши броењето, изјави премиерот Груевски на митингот во Струмица за време на локалните избори

24.12.2013 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега