Фершпед станал мнозински сопственик на Лотарија на Македонија

„Фершпед“ станал мнозински сопственик на Лотарија на Македонија АД Скопје, со основна главнина која изнесува 57,93%.

Лотарија на Македонија АД Скопје известува дека на ден 13.12.2013 година, „Фершпед“ АД Скопје преку трговска трансакција на Македонска берза АД Скопје се стекна со 10.125 акции од Лотарија на Македонија АД Скопје кои беа во сопственост на Фондот за ПИОМ, се вели во соопштението објавено интернет страницата на Македонска берза.

24.12.2013 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега