Британскиот весник „Гардијан“ го прогласи Меси за фудбалер на 2013

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, е избран за најдобар светски фудбалер во 2013 година, во изборот на британскиот весник „Гардијан’’.

Зад Аргентинецот на листата од 100 најдобри играчи во годината која завршува очекувано се најде фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Треторангиран е напаѓачот на Париз Сент Жермен, Златан Ибрахимовиќ, а по него следува францускиот репрезентативец Франк Рибери од редовите на актуелниот европски и светски првак Баерн Минхен.

Покрај Лионел Мести уште тројца фудбалери на Барселона се меѓу десетте најдобри, а редостедно од петтото до десетото место, изборот на „Гардијан’’ е: Андрес Иниеста и Нејмар (Барселона), Герет Бејл (Реал Мадрид), Чави (Барселона), Луиз Суарез (Ливерпул) и Кун Агуеро (Манчестер Сити)

25.12.2013 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега