Скопскиот аеродром наскоро ќе го има милионитиот патник

Во текот на изминатите 11 месеци охридскиот и скопскиот аеродром заедно ја надминаа бројката од милион патници. Како што пренесува Дневник, низ двата аеродрома поминале 1.003.168 патници, што е за 19 отсто повеќе од истиот период лани.

Според податоците од ТАВ, низ вратите на скопскиот аеродром „Александар Велики“ годинава поминале 925.927 патници или 21,2 отсто повеќе од лани, а само изминатиот месец услугите на скопскиот аеродром ги користеле 71.582 патника.

Зголемениот број патници на аеродромот во Скопје најмногу се должи на новите линии што годинава ги воведе нискобуџетната компанија „Виз ер“. Оваа компанија и останува со најмногу превезени патници од „Александар Велики“, а ја следат „Туркиш ерлајнс“ и „Аустријан ерлајнс“. Најпопуларна дестинација годинава е Истанбул, а веднаш зад неа се Виена и Цирих, пренесе Дневник.

И понатаму, скопскиот аеродром останува на седмо место од аеродромите во поранешна Југославија според фреквенцијата на патници. 

26.12.2013 - 09:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега